ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Македонија ОБРАЗОВАНИЕ Охрид ТОП ВЕСТИ

Покрај по математика, младиот Леонид Тодороски од Охрид најдобар и на државниот натпревар по биологија

Охрид, 22. мај 2022 (ОХРИДПРЕС) – Младиот и исклучително талентиран охриѓанец Леонид Тодороски, ученик во деветто одделение во ООУ „Григор Прличев“, под менторство на наставникот Зора Ѓоршовска, вчера го освои првото место на Државниот натпревар по биологија за основно образование.

Ова е само продолжување на неговите големи успеси периодов наназад. Пред само една недела, тој го освои првото место на 47-от Државен натпревар по математика за основно образование.

No photo description available.

Минатата година, Леонид го освои третото место на Балканска математичка Олимпијада во конкуренција на натпреварувачи од 21 држава, откако претходно, во мај 2021 година беше прогласен за државен првак за осмо одделение на државниот натпревар по математика. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука