Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Во вчерашната сообраќајка на булевар „Туристичка“ повреден 78-годишен охриѓанец

Охрид, 22. мај 2022 (ОХРИДПРЕС) – На 21-ви мај 2022 година, во 10:50 часот на крстосницата од булевар „Туристичка“ со улицата „Аџи Мустафа“ во Охрид, се случи сообраќајна незгода во која е повредено едно лице.

– Во незгодата учествуваа патничко моторно возило марка „Фолксфаген Артеон“ со охридски регистарски ознаки, управувано од страна на 42-годишнито Ј.К. од Охрид, кое удрило во 78-годишнито велосипедист Х.А. од Охрид. Со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот Х.А. кој е пренесен во болницата „Св. Еразмо“ за укажување на лекарска помош. За настанот е известен јавен обвинител а увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Охрид, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука