Економија ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

Охриѓанецот Дејан Трајанов- Чеде дел од тимот кој го освои осмото место на светскиот пица шампионат во Рим, Италија

Скопје/Охрид, 22. мај 2022 (ОХРИДПРЕС) – Охриѓанецот Дејан Трајанов- Чеде беше дел од тимот кој го освои осмото место на светскиот пица шампионат во Рим, Италија.

Заедно со гевгеличанецот Синиша Чамџиќ и Хисен Таири од Тетово, тие го направија невозможното, и како што велат, да бидеш меѓу првите десетмина во светот во правење пица, хранливиот производ чија татковина е токму Италија, е исто како да му продадеш фрижидер на Еским.

Светското првенство на „Пица без граници“ се одржа во Рим, во мултифункционалниот изложбен простор на Rome Food Excel. На овој шампионат, кој беше организиран под покровителство на Општина Рим и на Здружението на римска пица, а во соработка со Master Pizza Champion, учествуваа преку 250 мајстори од целиот свет. Синиша Чамџик, Дејан Трајанов- Чеде и Хисен Таири се натпреваруваа во категориите пица класика, пица наполетана и мистери бокс. Ментор на тимот беше Зоран Јованоски- Паламаро од Accademia Pizzaioli Macedonia.

Комплетната информација на vecer.press ОВДЕ. (Крај)

извор: vecer.press фото: vecer.press

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука