Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Светски ден на крводарителството

Охрид, 14. јуни 2022 (ОХРИДПРЕС) – 14-ти јуни, насекаде во светот се одбележува како Светски ден на крводарителството.

– На овој ден Црвен крст Охрид искажува искрена благодарност, признание и почит на сите оние хумани луѓе, крводарители кои несебично и без резерва ја покажале својата хуманост дарувајќи крв, но и до екипите на Трансфузиолошката служба, вработените и волонтерите на Црвен крст Охрид и сите оние поединци, фирми, институции кои вложија труд, креативност и средства за поддршка и помош во реализација на крводарителските акции. На сите овие чинители ги поврзува една иста, многу значајна благородна и хумана работа-сите тие со својот ангажман придонеле да се спасат човечки животи. Продолжуваме со нашата хумана мисија со апел до нашите сограѓани да останат хумани, да даруваат крв, бидејќи за живот се работи, потенцираат од охридскиот Црвен крст.

Тие ја најавуваат следната крводарителска акција која ќе се реализира во вторник, на 21-ви јуни 2022 година во ОСУ „Св. Климент Охридски“ – Гимназија, во периодот од 09:00 до 14:00 часот, која ќе има за цел да ги задоволи потребите за крв и крвни продукти на пациентите во здравствените установи во Охрид. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука