Избор Охрид Струга ТОП ВЕСТИ Хроника

Приведени 12 дрвокрадци во струшко, фатени при бесправна сеча на дрва (Фото/Видео)

Струга, 26. јуни 2022 (ОХРИДПРЕС) – На 25-ти јуни 2022 година, во шумски појас на планината Караорман, во атарот на струшкото село Мислодежда, лишени се од слобода 12 лица на возраст од 23 до 49 години, од кои од кои осум албански и четири државјани на Република Македонија.

Акцијата е дел од преземените, координирани мерки од страна на полициски службеници од Единицата за брзо распоредување, Регионален центар за гранични работи – Запад, СВР Охрид, Шумска полиција и ЈП „Национални шуми“.

– Тие биле затекнати при нелегална сеча на огревно дрво, при што на лице место биле пронајдени повеќе кубни метри исечена дрвна маса, теренски возила, камиони, трактори, моторни пили и секири. Лицата се приведени во полициска станица, возилата со нелегално исечените дрва се одземени и предадени на Шумската полиција, а по целосно документирање на случајот против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото/видео: МВР

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука