Економија Избор ТОП ВЕСТИ

Меѓународна конференција за улогата на граѓанското општество во родово-одговорното буџетирање во Охрид

Охрид, 26. јуни 2022 (ОХРИДПРЕС) – Во понеделник, на 27-ми јуни 2022 година, во хотелот „Метропол“ во Охрид ќе започне работниот дел од меѓународната конференција која ќе се отвори вечерва под наслов „Улогата на граѓанското општество во (родово-одговорно) буџетирање: учество, застапување и отчетност“.

Истата е во организација на Мрежата за родово-одговорно буџетирање каде носител е Центарот за истражување и креирање политики, канцеларијата на UN Women во Скопје, како и Меѓународното буџетско партнерство, а финансиски потпомогнато од Австриската агенција за развој, Шведската агенција за меѓународна развојна соработка и Швајцарија.

– Целта на конференцијата е да се промовираат различните улоги на граѓанското општество во унапредувањето на родовата еднаквост преку користење на родово-одговорни буџетски алатки, размена на искуства помеѓу граѓанското општество, владите и меѓународните организации за ефективни стратегии и пристапи за користење на алатките за родово-одговорно буџетирање со цел ефикасно влијание на јавните политиката и буџетите, како и да обезбеди платформа за вмрежување и градење стратешки партнерства помеѓу граѓанските организации. На конференцијата ќе бидат присутни претсавници на граѓански организации, институции, експерт(к)и од 18 земји од Европа, Јужна Амрика, Северна Америка, Африка и Азија, како и од македонското Министерство за труд и социјална политика, информираат организаторите. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука