Избор Локална самоуправа Охрид ТОП ВЕСТИ

Поставени информативни табли пред заштитените Чинари и Коџечикот

Охрид, 19. јули 2022 (ОХРИДПРЕС) – Општина Охрид постави информативни табли пред сите заштитени Чинари и Кочеџикот, кои се прогласени за природна реткост.

Овој проект е дел од Програмата за заштита на животна средина и природа, а Одделението за заштита и влијание врз животна средина го реализираше со поддршка на ЈП „Градски Гробишта“.

– Информативни табли со основни информации за староста и називот на заштитените стебла се поставени пред Чинарите: на плоштадот „Чинар“, во близина на Здружението на пензионери, во населбата „Воска“, пред зградата на Црвен Крст, во Влашка Мала, во населбата „Кошишта“ и Чинарот кој е во Централното градско подрачје и единечното стебло Кочеџик во дворот на црквата „Св. Богородица Перивлепта“, информираат од Општина Охрид.

Додаваат дека бидејќи овие дрвја се прогласени за природна реткост забрането е поставување на плакати, летоци и некролози на стеблата и се упатува апел до граѓаните за поголема внимателност и грижа за зачувување на истите. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: Општина Охрид

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука