Економија ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ

Да го направиме и ова лето незаборавно, Витаминка лето во Охрид со Тамаро и Супер радио (Фото/Видео)

Охрид, 19. јули 2022 (ОХРИДПРЕС) – И ова лето продолжува соработката на водечкиот медиум во регионот, охридското Супер радио со најдобрите локални маркети Тамаро и најголемите македонски компании. Меѓу нив веќе неколку години е и Витаминка, еден од врвните македонски брендови.

Во маркетот на Тамаро на улицата „АСНОМ“, во населбата „Бејбунар“, екипата на Супер радио, денеска додели многу подароци и ги презентираше највкусните производи на Витаминка – Стоби Флипс и Фит Ин.

– Врвните солени и слатки вкусови и ова лето со Вас во Охрид, во рамките на уште едно Витаминка лето со Тамаро и Супер радио. Секогаш највкусни и секогаш тука свежи за ваше уживање – Стоби Флипс и Фит Ин. Нека биде и ова лето исполнето со многу забава, сонце изненадувања, вкусни награди, но и помош за нашите сограѓани на кои им е најпотребна. Веќе традиционално ќе имаме и забави пред „Тамаро“ маркетите и многу повеќе, за уште едно незаборавно лето со Витаминка, порача водителот Wik Kakarotski.

За уживањето да биде комплетно, обезбедени се и секојдневни СУПЕР вредни награди на СУПЕР радио за сите заедно да го направиме и ова лето незаборавно со Витаминка, Тамаро и Супер радио во Охрид. (Крај)

извор: ОхридПрес фото/видео: Супер радио/Be 1

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука