Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Билтен на СВР Охрид: Кривични пријави за две лица од Косел поради „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги“ и „незаконито влијание врз сведоци“

Охрид, 24. септември 2022 (ОХРИДПРЕС) – СВР Охрид поднесе кривична пријава против 23-годишниот Х.Б. и две години постариот С.Б., двајцата од охридското село Косел, поради постоење основи на сомнение дека, првопријавениот сторил криивчно дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“, а двајцата заедно сториле казненото дело „незаконито влијание врз сведоци“.

– На 14-ти септември 2022 година, при претрес извршен по судска наредба во домот на Х.Б., полициските службеници пронашле и одзеле кокаин. Тој, претходно, заедно со С.Б. во селото Велгошти со употреба на сила го внеле 25-годишниот С.К. во возило, по што го однеле во село Рамне каде физички го нападнале. Судија на претходна постапка, на Х.Б. му одреди мерка притвор до 30 дена, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука