Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Билтен на МВР: Незаконит риболов во Охридското Езеро, полицијата пронајде 6.000 метри мрежи со 80,5 килограми белвица

Охрид, 24. септември 2022 (ОХРИДПРЕС) – На 23-ти септември 2022 година, во периодот од 04:00 до 16:00 часот, во водите на Охридското Езеро, од вливот на река Сатеска до струшкото село Радожда, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор „Охридско Езеро“ и претставници од Државниот инспекторат за земјоделство – Охрид презедоа зајакнати мерки и активности за откривање на случаи на незаконит риболов.

– Притоа биле пронајдени 15 висечки рибарски мрежи со вкупна должина од 6.000 метри со вкупен улов од 774 парчиња риба охридска белвица, во вкупна тежина од 80,5 килограми. Уловот бил предаден во Казнено-поправната установа Затвор Охрид. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука