Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Меѓународен симпозиум за земјоделство и храна – ИСАФ 2022 во Охрид

Охрид, 12. октомври 2022 (ОХРИДПРЕС) – Во организација на Факултетот за земјоделски науки и храна-Скопје, од денеска до петок во Охрид ќе се одржува 4. Меѓународен симпозиум за земјоделство и храна – ИСАФ 2022.

Како што информираат од Факултетот, симпозиумот претставува продолжување на традицијата на средбата факултет-стопанство, што оваа година ќе се одржи по четиринаесетти пат.

Во рамки на настанот ќе се одржи и средба на деканите од факултетите од областа на земјоделството и храната од Југоисточна Европа, кои истовремено се и коорганизатори на овој меѓународен симпозиум. (Крај)

извор: МИА фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука