Избор Спорт ТОП ВЕСТИ

Струга домаќин на сениорското шаховско првенство во машка и женска конкуренција

Струга, 12. октомври 2022 (ОХРИДПРЕС) – Во организација на Шаховската федерација на Македонија од 14-ти до 20-ти овој месец во хотелот „Дрим“ во Струга ќе се одржат првите сениорски лиги во машка и женска конкуренција.

Во двете конкуренции се пријавени по осум екипи. Составот на машката лига го сочинуваат екипите Алкалоид (Скопје), Гамбит Ассеко СЕЕ (Скопје), Прилеп. Гостивар, Стево Патако (Битола), Куманово, Фишер (Куманово) и Ан Пасан од Шишковица. Во женска конкуренција се пријавени екипите Центар (Скопје), Гамбит Ассеко СЕЕ (Скопје), Куманово, Гостивар, Неготино, Стево Патако (Битола) и Карпош (Скопје). (Крај)

извор: Опсервер фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука