Избор Култура ТОП ВЕСТИ

Претставата „Секс, лаги и љубомора“ на 22-ри октомври повторно пред охриѓани

Охрид, 13. октомври 2022 (ОХРИДПРЕС) – Двете изведби на претставата „Секс, лаги и љубомора“ на охридскиот Народен театар, закажани за денес и утре се веќе распродадени.

Поради големиот интерес претставата, дело на Марк Камолети, во режија на Коле Ангеловски, повторно ќе биде изведена на 22-ри откомври.

Улогите ги толкуваат актерите Стрезо Стаматовски, Никола Тодороски, Адријана Билаловиќ- Тодороска, Елизабета Стефановска, Билјана Билаловиќ- Вељаноска и Марија Новак.

Самото дејствие се случува во зграда, во стан модерно наместен со прекрасен поглед на градот, со убаво креирана костимографија. Несуден диригент на ова лакрдија е куќната помошничка која е постојано на сцената и со многу импровизации се обидува да ги оправда нештата кои се случуваат околу неа. Ова е претстава за љубовта, прељубата, за вербата и надежта, за ведрата страна на животот, за малите искри во секој човек. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука