Избор Култура ТОП ВЕСТИ

Мандолинскиот квартет „Стоби“ од Сплит на турнеја низ Македонија, ќе настапи и во Охрид

Охрид, 13. октомври 2022 (ОХРИДПРЕС) – Македонското културно здружение „Стоби“ од Сплит преку настапот на мандолинскиот квартет „Стоби“ ќе го претстави проектот „Смош“ на турнеја низ Македонија.

Во рамки на гостувањето предвидени се настапи во Охрид, Штип и во Скопје.

Квартетот „Стоби“ го сочинуваат, Никола Митревски (мандолина), Мате Кошутник (мандолина), Луција Мајиќ (мандола) и Лука Елез (гитара). Овој состав ќе изведе македонски народни песни и хрватски традиционални нумери. Тие претходно беа познати под името „Клинци Мандолинци“, а активни се веќе шест години во рамки на културното здружение „Стоби“.

Настапот во Охрид ќе се одржи во музичкото училиште „Методи Патче“, утре од 18:00 часот. Квартетот „Стоби“ во Штип ќе настапи во градската библиотека „Гоце Делчев“, в сабота, а турнејата завршува в недела, во Скопје со изведбата во домот на културата „Кочо Рацин“.

Проектот има цел низ уметноста да реализира мултикултурно образование и демократски развој преку поврзување на пријателските народи на Хрватска и Македонија. (Крај)
извор: Нова Македонија фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука