Охрид ТОП ВЕСТИ

Во Охрид денес сончево време со умерена облачност и температура до 19. степени

Охрид, 18. октомври 2022 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес сончево и релативно топло време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Максималната температура ќе се искачи до 19. степени.

– И утре наутро ќе биде студено, а наместа температурата ќе се спушти под нулата и по одделни котлини ќе има услови за појава на слаба магла. Во текот на денот ќе се задржи сончево и релативно топло. Во ноќта кон четврток ќе се прошири облачност, а потоа преку денот ќе дува засилен северен ветер, особено изразен вдолж Повардарието што ќе предизвика во следните два дена опаѓање на температурата за неколку степени, информираат од УХМР. (Крај)

извор: УХМР фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука