Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Прекин во водоснабдувањето на неколку улици

Охрид, 18. октомври 2022 (ОХРИДПРЕС) – Жителите од неколку улици претпладнево без вода.

– Поради настанат дефект на водоводната мрежа, денес од 08:30 часот, неколку часа без вода ќе бидат корисниците на следните улици: „Питу Гули”, „Егејска”, „15-ти Корпус”, дел од „Железничка”, дел од село Лескоец, горно Лакочереј и населбата Црногорци, информираат од ЈП Водовод Охрид.

Нивни екипи се на терен, до целосно завршување со санацијата. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука