Избор Спорт ТОП ВЕСТИ

Охридскиот теквондо клуб „Мастер“ освои 4 медали на „Корча опен 2022“

Охрид, 18. октомври 2022 (ОХРИДПРЕС) – Таеквондо клубот „Мастер“ Охрид освои 4 медали на турнирот „Корча Опен 2022“ во соседна Албанија.

Нашиот клуб под водставо на Саша Поповски носител на црн појас V дан, учествуваше со тројца натпреварувачи кои учествуваа во 2 дисциплини: форми (борба со замислен противник) и спаринг борби.

– Ова е повторен рестарт на првиот теаквондо ИТФ клуб во Македонија, а на овој натпревар докажавме дека се’ уште можеме да вадиме врвни натпреварувачи, изјави трнерот Поповски, кој го донесе овoј спорт во Македонија , а воедно е и почесен претседател на таеквондо ИТФ во Македонија.

Нема достапен опис

Освојувачи на медали се:
-Михаил Јоноски 1 место (злато) борби , 2 место (сребро) форми
-Анастасија Трифуноска 2 место (сребро) форми
-Михаил Трајкоски 3 место (бронза) форми

Теквондисти одовој клуб викендов ќе учествуваат на Меѓународниот А класа турнир „Србија Опен 2022“ во Нови сад, Србија.

Од клубот додаваат дека вршат упис на нови членови кои сакаат да го изучуваат најатрактивниот боречки спорт. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука