Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Започнува кампањата „Грижата за Паркот е заедничка обврска“ на НП „Галичица“

Охрид, 6. декември 2022 (ОХРИДПРЕС) – Од денеска до 15-ти декември НП „Галичица“ заедно со млади ентузијасти, пријатели на паркот, ќе ја реализираат кампањата „Грижата за Паркот е заедничка обврска“.

Ќе бидат едуцирани младите за важноста на континуираното спроведување на еколошка едукација во училиштата, поттикнувајќи ги на размислување како до подобрување на моменталната состојба во однос на заштитата на животната средина.

– Преку посети во сите средни училишта во Охридскиот регион, преку дружба и дискусија ќе бидат опфатени повеќе значајни теми, информираат од НП „Галичица“.

Галичица - North Macedonia Timeless

– Меѓу темите ќе бидат природните и културни вредности во паркот, дозволени и забранети активности, како и закани со кои се соочува паркот, начин на работа и управување, туристички активности, како да се поттикнат младите да поминуваат повеќе време во природа, како можеме да придонесеме за развојот на туризмот во НП „Галичица“, најнови и најатрактивни активности, каква е работата на Планинсјата спасувачка служба, што можете да добиете од паркот. Покрај овие теми ќе бидат дискутирани уште многу други слични содржини преку кои ќе се едуцираат младите дека грижата за паркот е заедничка обврска, истакнаа од НП „Галичица“.

Предавачи ќе бидат Ангела Тасеска, Марта Пејоска, Јован Јованоски и Димитар Димитров. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука