Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Почина охриѓанецот Илија Фармакоски- Фармак

Охрид, 10. декември 2022 (ОХРИДПРЕС) – Денеска во Охрид, на 68-годишна возраст почина Илија Фармакоски- Фармак.

Важеше за човек од охридската чаршија и познат угостител. Беше сопственик на ресторанот „Тошо“ во центарот на Охрид, своевремено еден од култните угостителски локали.

Погребните останки на Фармакоски ќе бидат изложени на Градските гробишта во Охрид утре, недела, 11-ти декември 2022 година, од 13:00 часот. (Крај)

извор: ТвМ фото: ТвМ

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука