Избор Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

УХМР со Метеоаларм: Жолто ниво за опасност од интензивни врнежи во западните делови каде се очекуваат над 30 л/м2 дожд

Скопје/Охрид, 10. декември 2022 (ОХРИДПРЕС) – Од Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР) излегоа со Метеоаларм за жолто ниво за опасност од интензивни врнежи во западните делови каде се очекува да наврнат над 30 л/м2 дожд.

– Претежно облачно со повремени врнежи од дожд, особено попладне и во текот на ноќта кога наместа и претежно во западните делови ќе бидат пообилни (над 30 л/м2). Ќе дува умерен до засилен ветер од југоисточен правец најизразен вдолж Повардарието. Максималната температура ќе биде во интервал од 10 до 16 степени, информираат од УХМР.

Додаваат дека се очекува и зголемување на водостојот на поголемите реки, особено во западните делови од државата, кои сепак се ниски и под прагот за нивно излевање.

– Предупредуваме на претпазливо движење покрај реките и суводолиците во земјава во текот на ноќта и утрешниот ден, особено во западните делови, апелираат од УХМР. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука