Избор Култура ТОП ВЕСТИ

Златни медали за градскиот хор Vox Lychnidos и детскиот хор од ОУ „Братство Единство“ на Меѓународниот фестивал „Мелодианум“ во Кикинда

Охрид, 13. декември 2022 (ОХРИДПРЕС) – Охридскиот градски хор Vox Lychnidos продолжува да нижи успеси, како дома, така и надвор од границите на Република Македонија.

Хорот учествуваше на третото издание на Меѓународниот хорски фестивал „Мелодианум“ во Кикинда, Република Србија, што се одржа online. Во категоријата мешани камерни хорови, Vox Lychnidos под диригентската палка на Бурим Хидри освои златен медал со 92 поени. Впрочем, ова е трет пат охридскиот хор да освои награда на овој хорски фестивал.

Можно е да е слика од мебел и внатре

Покрај тоа диригентот Хидри на фестивалот во Кикинда учествуваше и со детскиот мултиетнички хор при ОУ „Братство Единство“ од Охрид и во категорија детски хорови од основно училиште освоија златен медал со 93 поени.

На фестивалот се пријавиле околу 40 хорови од пет земји од соседството.

Градскиот мешан хор Vox Lychnidos пред речиси два месеци имаше настап во Кикинда и Нови Сад, а звучеа моќно и емотивно, освојувајќи ги симпатиите на публиката.

Нема достапен опис

Хористите продолжуваат со редовни проби и се подготвуваат за следни настапи што ги очекуваат во предновогодишниот период. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука