Охрид ТОП ВЕСТИ

Во Охрид денес променливо облачно време со повремени врнежи од дожд и температура до 8. степени

Охрид, 14. декември 2022 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес променливо облачно време со повремени врнежи од дожд. Кон крајот на денот, особено во западните делови, врнежите наместа ќе бидат пообилни. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен и југоисточен правец.

Максималната температура ќе се искачи до 8. степени.

– Од утре до сабота температурата ќе биде во пораст. По одделни котлини ќе има услови за појава на магла и значителна ниска облачност и пониски дневни температури. Врнежи од дожд повторно се очекуваат во сабота, информираат од УХМР. (Крај)

извор: УХМР фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука