Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Телото на 76-годишен починат охриѓанец пронајдено во каналот „Студенчишта“

Охрид, 17. декември 2022 (ОХРИДПРЕС) – Денеска, 17-ти декември 2022 година, во 07:38 часот во СВР Охрид, пријавено е дека во водите на каналот „Студенчишта“ во Охрид бил пронајден починат 76-годишниот Д.Р. од Охрид.

– Лекар од Итната медицинска помош Охрид констатирал смрт без видливи траги на насилство. По наредба на јавен обвинител, телот на починатиот било дадено на обдукција, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука