ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ

Падна настрешница кај плажата „Потпеш“ (Фото)

Охрид, 18. декември 2022 (ОХРИДПРЕС) – Рано утрово падна настрешница, која беше поставена кај плажата „Потпеш“ во стариот дел на градот.

До овој момент нема потврдени информации за причините кои доведоа до паѓањето на покривната конструкција, која делумно беше прицвртстена на карпата.

May be an image of outdoors and tree

За среќа во моментот на паѓањето немало минувачи, па не се случи посериозен инцидент. Граѓаните апелираат просторот да се расчисти веднаш, за да се спречат евентуални повреди. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: Илче Каневчев

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука