Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Едукативно превентивна работилница на СВР Охрид во ОУ „Григор Прличев“ – „Не користи пиротехнички средства“

Охрид, 19. декември 2022 (ОХРИДПРЕС) – Отсекот за превенција при СВР Охрид во координација со Црвен крст Охрид, денеска во Основното училиште „Григор Прличев“ во Охрид спроведе едукативно превентивна работилница со ученици од шесто, седмо, осмо и деветто одделение, за штетноста од употреба на пиротехнички средства и можните последици од истите.

– Учениците беа запознати дека употребата на пиротехнички средства – петарди може да предизвика тешки телесни повреди, како и траен инвалидитет, но и големи материјални штети. Исто така, на учениците им беше посочено дека неовластената употреба на пиротехнички средства на јавно место е казниво со закон, информираат од МВР.

Од страна на волонтери од Црвен крст Охрид беше изведена симулациска вежба за настаната повреда од употреба на пиротехнички средства, а воедно на учениците им се поделени летоци со едукативна содржина, изработени во соработка и поддршка од УНДП. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука