Избор Охрид Спорт ТОП ВЕСТИ

Членови на Аикидо школата „Мушин“ од Охрид дел од Интернационалниот аикидо семинар во Скопје

Охрид, 19. декември 2022 (ОХРИДПРЕС) – Членови на Аикидо школата „Мушин“ од Охрид беа дел од Интернационалниот аикидо семинар кој викендов се одржа во Скопје.

На семинарот, кој беше во организација на Македонска аикидо федерација – Аикикаи Македонија зедоа учество спортисти од Република Македонија, Србија, Бугарија и Романија.

– Инструктори на семинарот беа сенсеи Дамјан Цингарски (4 дан) од Република Македонија и сенсеи Владимир Тошиќ (4 дан ) од Србија, информираат од Аикидо школата „Мушин“ од Охрид. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука