Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Билтен на СВР Охрид: Пријава за лице од Охрид кое противправно поставило 26 лежалки и 15 чадори за сонце на плажа во Охрид

Охрид, 20. декември 2022 (ОХРИДПРЕС) – СВР Охрид поднесе кривична пријава против 32-годишниот Д.К. од Охрид и против правен субјект со седиште во Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „узурпација на недвижности“.

– Пријавениот, во својство на сопственик и управител на правниот субјект, неовластено, на плажа на брегот на Охридското Езеро, зазел површина од околу 70 метри квадратни, што со закон е определена како површина за општа употреба и противправно, без одобрение издадено од надлежен орган од Општина Охрид, поставил 26 лежалки и 15 чадори за сонце, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука