Економија ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

Бочварски: Инвестицијата во автопатската делница Кичево-Охрид изнесува 600 милини евра

Скопје/Охрид, 20. декември 2022 (ОХРИДПРЕС) – Инвестицијата во автопатската делница на Коридорот 8 од Кичево до Охрид изнесува 600 милини евра, истакна денеска министерот за транспорт и врски во Владата на Република Македонија Благој Бочварски.

На новинарско прашање дали ќе има поскапување на патарините, тој напомена дека во овој момент е важно да продолжи изградбата и рехабилитацијата на патната инфраструктура со силна динамика за да го фатиме чекорот со развиените европски земји во делот на патната инфраструктура.

Бочварски рече дека се дава силен придонес преку реализацијата на патната и железничката инфраструктура, нешто што, како што посочи, ќе продолжиме да го работиме и понатаму, но не смееме да ја доведеме во прашање ликвидноста на Јавното претпријатие, но и на буџетските средства за да продолжат да се реализираат со силна динамика патните правци во државата.

– Во овој момент немаме направено дополнителни анализи за тоа во која насока треба да одат цените на патарините, напомена Бочварски. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука