Избор Струга ТОП ВЕСТИ Хроника

Стружани украле возило и ранец со пари од спортска обложувалница

Струга, 20. декември 2022 (ОХРИДПРЕС) – ОВР Струга поднесе кривична пријава против 47-годишниот Д.У. и 36-годишниот К.М., двајцата од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „одземање моторно возило“ и „кражба“.

– На 11-ти декември 2022 година, на улицата „Ристо Крле“ одзеле патничко возило марка „Фиат пунто“, сопственост на спортска обложувалница, по што возилото го оставиле на улицата „27-ми март“, а земале ранец во кој имало пари, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука