Избор Струга ТОП ВЕСТИ Хроника

Две лица продавале кокаин во целата држава додека издржувале казна во затворот во Струга

Струга, 20. декември 2022 (ОХРИДПРЕС) – Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, Секторот за криминалистички истраги – Единица за недозволена трговија со дрога во текот на повеќемесечна истрага обезбеди материјални докази за организирана криминална група која вршела недозволена трговија со кокаин, против кои до ОЈО ГОКК од страна на ОСОСК е поднесена кривична пријава за сторено кривично дело по член 215 став 3 од Кривичниот законик.

– Имено, Т.Ш. и Д.О., како дел од оваа организирана криминална група, биле на издржување казна затвор во Казнено-поправната установа во Струга каде, користејќи поволности за секојдневен излез од затворот, заедно со лицето А.М., продавале кокаин на лица од целата држава, за што ОСОСК има обезбедено и документирано купопродажби и доказен материјал. На 20-ти декември 2022 година, извршен е претрес во домот кај А.М., кој заедно со Т.Ш. и Д.О., кои во моментов се наоѓаат во Казнено-поправна установа во Битола, во текот на денот ќе бидат изнесени пред Судија на претходна постапка од Основниот кривичен суд во Скопје, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука