Економија Охрид ТОП ВЕСТИ

На ФТУ промовирана брошура за заштита на правата на потрошувачите според новиот Закон

Охрид, 20. декември 2022 (ОХРИДПРЕС) – Денеска во Факултетот за туризам и угостителство во Охрид се одржа Промоција на „Информативна брошура за постапката за остварување на заштита на правата на потрошувачите според новиот Закон за потрошувачи во Македонија“.

– Промоцијата се одржа пред студентите на ФТУ Охрид, а учесниците ги поздрави Деканката Проф. д-р Снежана Дичевска, која ја нагласи големата важност на познавањата на потрошувачките права од сите субјекти. Таа го искажа задоволството од организацијата на ваков настан токму на оваа важна високообразовна установа во Охрид, а се заложи и за продлабочување на соработката заедно со Организацијата на потрошувачите на Општина Охрид, информираат од ФТУ Охрид.

Содржината на Брошурата беше претставена од страна на Проф. д-р Ристо Речкоски, од ФТУ Охрид, како и од Вангел Спироски, Претседател на Организацијата на потрошувачите на Општина Охрид. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука