ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ

Писмо: Родител на болно дете не наишол на разбирање од полицијата за брзото возење кон болница и бил казнет

Охрид, 20. декември 2022 (ОХРИДПРЕС) – Пишувам од Охрид, град во кој Детско одделение при Општата болница – НЕМА. Замислете само што прават жителите на градот, кога имаа потреба од педијатар. Еве ќе Ви кажам…

Вака го започнува своето писмо до јавноста и соодветните институции родител од Охрид, кој не нашол на разбирање кај полицијата за пребрзото возење, во момент, кога со вклучени четири трепкачи на возилото, го носел своето дете во болница.

Писмото го пренесуваме во целост.

Од петокот секој ден одам со моето дете до одделението за детски болести во Струга. Детето има непрекинато фербална температура, и некогаш одам со четири трепкачи на автомобилот за да стигнам што поскоро. Нешто што секој родител би го направил… 20 километри не се многу, но некогаш се како да ја одите цела држава, зависно од големината на ситуацијата. Денес, после 20 пати возење на истата релација, за три дена, зошто друго нема како, ме застанува полиција за наддозволена брзина од 30 км, и за истата добивам казна од 300 евра. Му објаснувам на полицаецот дека брзината не е од бес, но тој сепак ми ги зеде документите и ми вика оди до Детско и врати се за казната. Ај што не се кадарни да најдат кадар за нашите деца, замислете-медицински, туку за нивната некадарност и барање основна помош која државата не ни ја нуди во 21 век, ние сме казнети. Да се обратиме нема никаде, затоа што дали од бес или потреба навистина, ти си крив. Но, не и тие кои дозволија да ризикуваме животи по недопрени и ископани патчиња – зборувам за Охрид-Струга, делница позната како дел од автопатот Охрид-Кичево, пишува родителот во обраќањето до јавноста.

OhridPress: Изнесеното во рубриката Писма, не е официјален став на OhridPress и редакцијата не сноси никаква одговорност за истото

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука