Избор Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

Зимска краткоденица, денеска е најкраткиот ден во годината

Охрид, 21. декември 2022 (ОХРИДПРЕС) – Зимската краткоденица ја означува најдолгата ноќ и најкраткиот ден во годината и го претставува и официјалниот почеток на зимата.

Краткоденицата секогаш го означува и преодот на годишните времиња од есен кон зима на северната Земјина полутопка, односно од пролет кон лето на јужната и се паѓа околу 21-ви декември, но не секогаш на ист датум (во 2023 ќе биде на 22-ри декември).

Зимската краткоденица, позната и како декемвриска краткоденица, е астрономски настан кој се заснова на навалувањето на Земјата подалеку од Сонцето. Тоа се случува кога наклонот на Северниот пол е поставен најдалеку од Сонцето, предизвикувајќи помалку светлина да стигне до северната половина на нашата планета.

Краткоденицата кај некои народи претставува и празник. Старите Римјани го празнувале Сол инвиктус, Келтите празникот го нарекувале Јуле Лог, додека Персијците Јалда. Во Индија денеска се прзанува Макара Санкранти, Кинезите го прославуваат Дончи, а Јапонците гаат традиција на денешен ден да се бањаат во јузи топла бања.

Зимата ќе трае до 20-ти март кога ќе настапи пролетта. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука