Избор Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

Денеска започнува зимата

Охрид, 21. декември 2022 (ОХРИДПРЕС) – Зимата во Република Македонија и на северната хемисфера на Земјата календарски ќе почне денеска во 22:36 часот. Ќе трае 88 дена, 23 часа и 36 минути, односно до 20-ти март 2023 година.

Сонцето изгреа во 06:58 часот, ќе зајде во 16:15 часот и ќе трае 9 часа 11 минути.

Според метеоролозите следните денови ќе се задржи стабилно и претежно тивко време. По одделни котлини ќе има појава на магла или ниска облачност, каде и дневните температури ќе се задржат пониски, соопшти УХМР.

Максималната температура во Охрид ќе се искачи до 9. степени.

– И во следните денови ќе се задржи стабилно и претежно тивко време. По одделни котлини ќе има појава на магла или ниска облачност, каде и дневните температури ќе се задржат пониски. За време на викендот температурите ќе бидат во пораст за неколку степени, информираат од УХМР. (Крај)

извор: УХМР фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука