Избор Охрид Партии ТОП ВЕСТИ

Црвена младина на Левица: Згрозени сме од попустливоста и капитулацијата на Локалниот младински совет од Охрид пред локалните челници

Охрид, 22. декември 2022 (ОХРИДПРЕС) – На денешната седница на Советот на Општина Охрид, точката 48 покрај нашето барање и барањето на мнозинството активни младински организации во Охрид за да се отстрани точката од дневен ред, сепак тоа не беше случај и се изгласа точката, реагираат од Црвената младина на партијата Левица.

– Иако ние очекувавме локалната власт да ја изгласа оваа точка по секоја цена, сепак бевме негативно изненадени и згрозени од Локалниот Младински Совет (во понатамошниот текст ЛСМ) кој што капитулира пред локалните челници во врска со заеднички изградениот став на средбата на сите активни младински организации во Охрид во организација на истиот ЛСМ дека нема да дозволиме селење на Јавните Претпријатија во просториите на стара Касарна каде се наоѓаат Младински Центар – Охрид и Касарна Хаб. Но, според нашите информации, ЛСМ со локалните челници на Општина Охрид во 4 очи договорија ЛМС да биде нем набљудувач во овој процес и преќутно да ја одобри оваа одлука. Сметаме дека е недозволиво страна на ЛМС и бараме распуштање на истиот затоа што со ова покажуваат дека работат спротивно од интересите на младите во Охрид. Воедно ги повикуваме сите активни младински организации во Општина Охрид да се оградат од постапката на Локалниот Младински Совет, реагираат од партијата. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука