Избор Охрид Празници ТОП ВЕСТИ

Апел за помош за изградба на црквата „Воведение на пресвета Богородица – Пречиста“ во „Рача“

Охрид, 22. декември 2022 (ОХРИДПРЕС) – Од Иницијативниот одбор при црквата „Воведение на пресвета Богородица – Пречиста“ во населбата „Рача“ во близина на Охрид, апелираат до сите граѓани да ја помогнат изградбата на овој храм.

– Во духот на евангелската љубов и милосрдноста, Ве молиме, доколку сте во можност, финансиски да ја поддржите изградбата на храмот „Воведение на пресвета Богородица – Пречиста“ во населбата „Рача“ – Охрид.  Поттикнати од нашата традиција дека македонскиот народ секогаш на дело ја истакнувал својата несебична љубов, грижливоста и дарежливоста, преку дарежливоста на градењето на светињи по македонската земја. Ве повикуваме да ја продолжиме таа прекрасна традиција и на дело да се покажеме како вистински наследници на нашите предци, па заедно да се радуваме на новоизградената православна црква во населбата „Рача“ – за слава на нашиот Троичен Бог. Со надеж дека нашево барање ќе вроди со плод, Ве поздравуваме со древниот христијански поздрав: Христос посреде нас! – потенцираат од одборот.

Жиро сметка за донации:

Sparkasse Bank 250000301945203

Пресвета Богородица Пречиста с. Велестово

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука