Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Успешна хуманитарна акција на Црвен крст и РЦСОО „Ванчо Питошески“, повеќе од 100 лица во социјален ризик добија вкусен оброк

Охрид, 23. декември 2022 (ОХРИДПРЕС) – Повеќе од 100 лица во социјален ризик, стари, осамени и лица со хендикеп, добија вкусен оброк во своите домови, приготвен од учениците и професорите на средното угостителско училиште „Ванчо Питошески“, а доставен од страна на тимовите за логистика на Црвен крст Охрид и ученици од училиштето.

Со тоа беше реализирана хуманитарната акција на Црвен крст Охрид и РЦСОО „Ванчо Питошески“ за обезбедување на предновогодишни топли оброци за социјално загрозени семејства во Охрид.

– Хуманитарната акција ја поддржа и во неа се вклучи и Факултетот за туризам и угостителство од Охрид кој во рамки на фестивалот „Купувај локално“ обезбеди храна приготвена од локални производители на храна, која волонтерите на Црвен крст Охрид ја доставија до уште 30 лица во социјален ризик, потенцираат од Црвен крст Охрид.

Изразуваат благодарност до РЦСОО „Ванчо Питошески“ и ФТУ и ги охрабруваат и поттикнуваат угостителите во Охрид, доколку имаат вишок на храна истата соодветно да ја спакуваат и да ги повикаат, за логистичките тимови на Црвен крст Охрид да ја достават онаму каде е најпотребна. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука