Забава Избор

„Гулабице“ нова песна на групата „Охридски бисери“

Охрид, 23. декември 2022 (ОХРИДПРЕС) – Групата „Охридски бисери“ во екот на предновогодишните забави и дочекот на најлудата ноќ промовира нова песна.

Насловена е „Гулабице“. Текстот е на Милица Кузмановска, музиката на Гоце Џуклески, а аранжманот е на Гоце Цоцески, во чие студио е снимена песната.

– По „Свадбен валцер“, ова е втора наша песна годинава, во која се опева една охридска убавица. Во овој период имаме бројни ангажмани, настапуваме на предновогодишни прослави во повеќе угостителски објекти, а ќе настапуваме и за дочекот на Нова година, вели за Супер радио и OhridPress Решад Абас, член на групата.

Инаку групата постои скоро 40 години, но во актуелниот состав функционира околу 15 години. Имаат богат репертоар, изведуваат покрај македонска и турска, албанска, бугарска, италијанска, германска музика, зависно од вкусовите на присутните каде што настапуваат. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука