Забава ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Локална самоуправа Охрид ТОП ВЕСТИ

Петар Нечоски, Татјана Стефаноска, Ефто Пупиноски, Ѓоко Танески, Миле Кузманоски на плоштадот во Охрид за Нова година

Охрид, 23. декември 2022 (ОХРИДПРЕС) – Петар Нечоски, Татјана Стефаноска, Ѓоко Танески, Ефто Пупиноски, Миле Кузманоски и диџеите Багзи и Јана Слеј ќе ги забавуваат охриѓани и гостите за дочекот на Нова година во центарот на градот, објави денеска градоначалникот на Охрид, д-р Кирил Пецаков.

Новогодишната забава ќе започне во 20:00 часот, преку ден на 31-ви декември предвидена е и програма за најмладите, а забава ќе има и на 1-ви јануари.

Нема достапен опис

– Новогодишната програма започнува на 31-ви декември на Градскиот плоштад од 12:00 часот кога ќе настапи хорот при КУД „Гердан од бисери“, а од 13:00 до 15:00 часот ќе има новогодишна театарска претстава „Дружината на Дедо Мраз“ и мјузиклот „Трите прасиња“. Вечерта од 20:00 часот на плоштадот ќе настапат Петар Нечоски, Татјана Стефаноска, Ѓоко Танески, Ефто Пупиноски, Миле Кузманоски и диџеите Багзи и Јана Слеј. Празничната програма продлжува на 1-ви јануари точно на пладне со настап на Марија Савеска и групата Камелеон, а интерес ќе привлече и проектот „И повторно евергрин“ со настап на Лидија Кочоска, Влатко Груески и Андреј Наунов, рече Пецаков.

Можно е да е слика од 9 луѓе, луѓе што стојат, внатре и текст кој вели „"и повторно евергрини" (новогодишно из здание) 1лануари градски плоштад охрид 12.30 часот (пладне) лидија кочовска влатко груевски андреј наунов“

Додава дека се очекуваат бројни туристи од земјава и странство. За новогодишните празници од буџетот на општината ќе се издвојат околу 2 милиони денари.

Градоначалникот Пецаков напомена дека оштината ќе се погрижи и за забавниот дел за време на Богојавленските празници. Засега е потврдено дека по чинот на осветување на езерските води, на 19-ти јануари на плоштадот „Св. Климент Охридски“ ќе настапи групата „Чалгија саунд систем“. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука