Избор Локална самоуправа ОБРАЗОВАНИЕ

Градоначалникот Пецаков се сретна со талентираниот Лео Нелоски, ученик во ОУ „Григор Прличев“

Охрид, 23. декември 2022 (ОХРИДПРЕС) – Денеска на мое големо задоволство се сретнав со исклучително талентираниот Лео Нелоски, ученик во деветто оделение во ОУ „Григор Прличев“, информира градоначалникот на Охрид, д-р Кирил Пецаков.

– Младиот Лео е прогласен за Државен првак по математика за 2022 година, додека, на Јуниорската Математичка Македонска Олимпијада која се одржа на во Природно-математичкиот факултет во Скопје, каде учествуваа математички најталентираните деца во Македонија, го освои сребрениот медал. Разговаравме за успесите кои ги постигнува и тоа не само по математика, туку и во другите области каде на натпреварите освојува награди. Општина Охрид и јас како градоначалник постојано ќе бидеме ветар во грб и ќе им даваме поддршка на младите и телентирани ученици од основните и средни училишта во Охрид, со цел за постигнувањe на уште повеќе и поголеми успеси, истакна градоначалникот Пецаков. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука