Dj STK во петок, на 30-ти декември во клуб Rebel
Охрид, 23. декември 2022 (ОХРИДПРЕС) – Забавата овој викенд во Охрид започнува со настапот на Leonidas Lypiridis или Dj STK во петок, на 30-ти декември 2022 година во клуб Rebel.
Dj STK е роден во Русија, а моментално живее во Грција, каде веќе 7 години е резидент во најголемиот ноќен клуб во Северна Грција – Ahoy Club на Халкидики. Тој е резидент и во Papua Beach Bar, најпопуларниот Beach bar на Халкидики, a интересно е и тоа што тој е официјален Dj на фудбалскиот клуб ПАОК. Добро познат е и по лудите журки што ги прави како ретко кој друг Dj во северниот дел на Грција. Го сметаат за број 1 во поглед на техниката и Dj вештините, а редовен гостин е на најдобрите забави во својата земја, Бугарија, Турција, Македонија, Белорусија и Русија.
Да ја зачуваме душата на Охрид. Градот може, Охрид е еден. Обезбеден паркинг за сите, а забавата започнува во 23:59 часот. Телефон за дополнителни информации и резервации е ++38979230912.
Овој викенд, клуб Rebel е местото каде треба да бидете. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука |