Избор Свет ТОП ВЕСТИ

Сакаше додека очите не се затворија, замина странецот во ноќта: Почина Massimo Savić

Загреб, 23. декември 2022 (ОХРИДПРЕС) – Од рак на белите дробови, на 60-годишна возраст, во Загреб почина познатиот хрватски пејач Massimo Savić.

Неговата ќерка и сопруга на Facebook објавија информација за ненадејната смрт на нивниот татко и сопруг.

– Нашиот татко, сопруг, гордост и љубов, Massimo Savić, не напушти по кратка, но херојска борба. Иако го напушти овој свет, вечно ќе живее во нашите души, насмеан, топол и силен, полн со љубов и исткаен од уметност. Ние ќе бидеме твои девојки засекогаш, напишаа тие на Facebook.

Тажната вест ја потврдија и од неговата дискографска куќа Aquarius Records. HRT јави дека Massimo починал синоќа во Виноградската болница во Загреб, каде се лекуваше од рак на белите дробови.

May be a black-and-white image of 1 person, playing a musical instrument and guitar

Massimo Savić е роден на 6-ти јуни 1962 година во Пула. Детството го помина во Истра, иако животните патишта го однеле прво во Италија, а потоа и во Австралија. Гимназијата ја заврши во Загреб, каде ја започна и својата музичка кариера.

Во 1982 година стана член на арт-рок групата Доријан Греј од Загреб и го издаде својот прв албум наречен „Сјај у тами“, а две години подоцна и албумот „За твоје очи“.

Засекогаш ќе го паметиме по антологиските „Странац у ночи“, „Додирни ме случајно“, „Из једног погледа“ и многу други. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука