Здравје ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

ИЈЗ: Во текот на месец ноември, пријавено е едно лице заболено од ХИВ/СИДА во Охрид

Скопје/Охрид, 24. декември 2022 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на месец ноември, во Република Македонија се пријавени девет случаи на ХИВ/СИДА, од кои еден во Охрид, стои во најновиот извештај на Институтот за јавно здравје за движењето на акутните заразни заболувања во нашата земја во ноември.

Осум од пријавените лица се со ХИВ, а едно лице со СИДА. Осум од пријавените лица се од машки пол, а едно лице е од женски пол. Пет лица се од Скопје, и по едно лице од Охрид, Гостивар, Демир Капија и Делчево. Лицата се на возраст од 19-54 години.

Три лица се хетеросексуалци, три лица припаѓаат на групата МСМ, две лица се бисексуалци, и за едно лице начинот на трансмисија е непознат. Во текот на месец ноември не се регистрирани смртни случаи од ХИВ/СИДА.

Согласно постоечката евиденција на пријавени случаи (заклучно со 30.11.2022 година), кумулативниот број на лица регистрирани со ХИВ/СИДА во Македонија, за периодот 1987-2022 година, изнесува 583, и тоа: 123 лица починале, а 460 лица живеат со ХИВ/СИДА. (Крај)

извор: emagazin.mk фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука