Избор Охрид Партии ТОП ВЕСТИ

Левица Охрид: Поништеното гласање е спротивно на деловникот во Советот

Охрид, 24. декември 2022 (ОХРИДПРЕС) – На 21. седница на Советот на Општина Охрид, одржана на 22-ри декември 2022 година, беа поднесени осум амандмани од страна на советничката група на СДС, од кои еден беше прифатен, а другите беа ставени на гласање, реагираат од локалниот огранок на партијата Левица од Охрид.

– Амандманот беше изгласан со 11 гласови За и 8 гласови Против. Мнозинството, ДПМНЕ, гласаше Против, со исклучок на двајца нивни советници кои гласаа За и нивните коалициони партнери од ДУИ (присутен беше еден советник) и еден независен. Резултатите од гласањето беа веќе изброени и соопштени, кога наеднаш Претседателот на совет сфати дека неговите поданици, двајца советници од ДПМНЕ, гласале спротивно од неговата волја, најверојатно не знаеле за што гласаат и спротивно од Деловникот, го поништи гласањето и се премина на поединечно гласање, стои во реакцијата.

Од партијата потсетуваат и на Член 84 од Деловникот за работа на Општина Охрид:

Став 1: Поименично гласање се врши кога претседателот смета дека е потребно точно да се утврди резултатот од гласањето.

Став 2: Поименично гласање се врши и кога тоа ќе го побара член на советот кој ќе биде поддржан од најмалку 5 члена на советот.

Став 5: Прозивката ја врши службеник на на општинската администрација.

– По гласањето јасно беа преброени гласовите и беше утврдено дека 11 гласале За, а 8 Против. Понесени од еуфоријата по изгласување на Буџетот на Општина Охрид за 2023 година, Претседателот на Советот, заедно со мнозинството од ДПМНЕ и нивните коалициони партнери СДС и ДУИ, прославија во неговиот кабинет, реагираат од локалниот огранок на Левица од Охрид. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука