Избор Охрид Партии ТОП ВЕСТИ

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ го прикрива криминалот наместо да се огради од претходната директорка на ЈП „Билјанини извори“

Охрид, 24. декември 2022 (ОХРИДПРЕС) – СДСМ се труди да ја сокрие вистината за неплаќањето на ДДВ од страна на претходната директорка на ЈП „Билјанини извори“, Гордана Јованоска, стои во реакцијата на ОК на ВМРО-ДПМНЕ на изнесеното во дописот до медиумите на ОО на СДСМ од Охрид.

– Согласно вештачење од судски вештак констатирано е зголемување на ДДВ за 18 милиони денари поради неплаќање. Сето тоа е направено и покрај сите средства од дополнителните приходи со започнување на наплата во каналот, воведување премиум зона и SMS систем за наплата на паркинзите. Поради нивната неспособност и недомаќинско работење со неплатен данок сега Општината ќе треба да плаќа за долг и камати кон УЈП. Четрири години им беа потребни на УЈП за да се разбуди од зимскиот сон додека 600 илјади евра се направи главен долг со камата, па да ја блокира сметката по промена на власта. СДСМ Охрид може само самите себе си да се лажат, но не можат јавноста и особено сите вработени во јавното претпријатие кои ја знаат целата вистина дека не се плаќал данокот. СДСМ Охрид нема доблест да им се извини на граѓаните затоа што за своето криминално работење тие веќе си ја добија казната од охриѓани, а со ваквите постапки им следи уште поголема казна на следните избори, реагираат од партијата. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

Донев: УЈП ја блокира сметката на Општина Охрид, поранешната директорка на ЈП „Билјанини извори“ 4 години не плаќала данок

СДСМ: СРЦ „Билјанини Извори“ во време на ДПМНЕ шест месеци беше оставено без струја заради неплатени долгови

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука