Економија Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Реномираниот охридски ланец маркети „Тамаро“ го прослави 25-тиот роденден

Охрид, 25. декември 2022 (ОХРИДПРЕС) – Во присуство на бројни пријатели и соработници, заедно со вработените како носител на компанијата, реномираниот охридски ланец маркети „Тамаро“ синоќа го прослави 25-тиот роденден.

Охридските „Тамаро“ маркети се водечки во овој регион, со најсовремено опремени маркети и комплетна понуда во Охрид и поширокиот регион. Членови се, и помеѓу основачите на LKA Групацијата, посебно трговско друштво- стопанска заедница, чии членови се постоечки локални маркети од повеке градови низ цела Македонија , а кои се на пазарот повеќе од 20 години.

„Тамаро“ е трговска фирма која е основана во далечната 1997 година, кога започна да работи во објект со површина од само 15 м2. Од 2005 година во склоп на компанијата работи и магацинот на големо „А.М.“ Во моментов во склоп на „Тамаро“ работат и пекара, месара и слаткарата „Анабела“.

Менаџерскиот тим постојано се залага за подобрување на работните стандарди и односот кон потрошувачите, и организираат сопствени обуки и надградувања за вработените. Тоа резултира со сериозни резултати и одличен менаџерски кадар. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука