Охрид ТОП ВЕСТИ

Во Охрид денес сончево време со умерена облачност и температура до 13. степени

Охрид, 27. декември 2022 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес сончево време со мала до умерена облачност.

Максималната температура ќе се искачи до 13. степени.

– Оваа седмица ќе се задржи претежно стабилно време со појава на магла по одделни котлини со променлив интензитет, освен попладнево кога ќе има ветер со умерен интензитет што ќе предизвика преодно намалување на маглата. Утре ќе има зголемена облачност и услови за локален слаб дожд, информираат од УХМР. (Крај)

извор: УХМР фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука