Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

МВР: Лажна е пријавата за поставена бомба во училиште во Охрид

Скопје/Охрид, 27. декември 2022 (ОХРИДПРЕС) – Лажна е пријавата за наводно поставена бомба во училиште во Охрид, завршија сите потребни проверки, соопштија од Министерството за внатрешни работи.
Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека се направени сите потребни проверки во врска со денешната пријава дека на електронската адреса на едно училиште во Охрид е упатена закана за поставена експлозивна направа. Веднаш по добиената пријава, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектот, а потоа се извршени детални антитерористички проверки и утврдено е дека станува збор за лажна пријава, потенцираат од МВР. (Крај)извор: МВР фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука