ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид Охрид некогаш ТОП ВЕСТИ

Охрид некогаш: Старата автобуска станица

Охрид, 29. декември 2022 (ОХРИДПРЕС) – На Facebook страницата Патувања низ Македонија е објавена фотографија од старата автобуска станица, која се наоѓаше во строгиот центар на градот и буди многу убави спомени, но и силни емоции кај охриѓани.

Авторот на објавата потсетува дека своевремено на оваа локација имаше многу место за паркирање на автомобилите и истото беше бесплатно.

– На оваа локација доаѓаа многу туристи, но со тек на времето започна да се менува автентичниот лик заради профит. Сега местото е со згради и деловни простории. Несоодветното донесување на планот донесе да нема место за паркирање, а автобуската беше дислоцирана. Наместо зеленило, добивме бетон, стои во објавата.

Старата автобуска станица се наоѓаше во центарот на градот, веднаш до охридската пошта, помеѓу улиците „Партизанска“ и „Димитар Влахов“. Денеска на оваа локација се наоѓа стамбено-деловен комплкс, чија изградба заврши во 2008 година. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ФБ Патувања низ Македонија/ ФБ Охрид слики од минатото

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука