Избор Спорт ТОП ВЕСТИ

Гал Цирар второ засилување за „гладијаторите“ за плеј-оф натпреварите

Охрид, 9. јануари 2023 (ОХРИДПРЕС) – Словенецот Гал Цирар е ново, второ по ред, засилување во ГРК Охрид за плеј-оф натпреварите.

Цирар игра на позицијата десно крило и десен бек и доаѓа како најдобар стрелец во словенската лига и тоа 3 години по ред.

– Има 27 години и е висок 188 cm. Доаѓа од словенечкиот тим Јерузалем Ормож, а пред тоа настапувал 4 сезони во Тримо Требње, соопштија од ГРК Охрид.

Можно е да е слика од 2 луѓе и луѓе што стојат

Словенецот Цирар ќе го носи сино-белиот дрес до 2024 година.

Од клубот информираат дека од денес ги започнуваат подготовките за вториот дел од сезоната во спортската сала „Билјанини извори“. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука